Пародонтологија

Пародонтологија

Што е пародонтоза?

Пародонтозата е една од најчестите болести на денешницата. Тоа е прогресивно пропаѓање на сите структури кои ги држат забите во коската, при што доаѓа до поместување на забите и на крај до нивно губење. На овој проблем денес се посветува се поголемо внимание. Првите симптоми на оваа болест се оток, црвенило и крварење од непцата, и доколку истите не се спречат болеста може брзо на напредува.

Пародонтоза

Како се лекува?

Во нашата ординација ги следиме најновите третмани и методи на лекување на сите видови гингивитис и пародонтоза. Терапијата зависи од видот и етиологијата на болеста.

Редовно чистење на забниот камен е основната превенција од брзо напредување на болеста. Тоа е ултразвучно отстранување на тврдите забни наслаги, по што следи полирање со PROPHYFLEX паста. Третманот продолжува со механичка обработка на пародонталните џебови. На тој начин се отстрануваат и меките наслаги, бактерии и гранулации.

Во стоматолошката ординација Денталика ке ви биде објаснето како да ја оддржувате оралната хигиена – изборот на четка и паста за заби, начинот на четкање на забите, употреба на дентален конец, течност за испирање, интердентални четчиња кои ке ви помогнат да избегнете гингивитис.

Стоматолошка ординација Денталика

Ординација 1: Ново лисиче
Ординација 2: Аеродром
Email
Работно време