Општа стоматологија

Општа стоматологија и ендодонција

Што е ендодонција?

Ендодонција е лекување на забите при што помагаме да ги решите вашите проблеми поврзани со пулпата (нервот) на забот т.е ја отстрануваме болката и го подобруваме вашето орално здравје. Во текот на ендодонтскиот третман безболно се одстранува нервот од забот со една или неколку посети во нашата ординација, а тоа зависи од сложеноста на лекувањето и од бројот на каналите во забот.

Општа стоматологија и ендодонција

Што се нанокомпозитни пломби?

Нампозитните пломби се естетски полнења на забот кои ги задоволуваат највисоките естетски стандарди и со нив забот изгледа како природен. Тие во потполност одговараат на вашиот заб. Нанокомпозитните пломби се резултат на усоврашената нано-технологија која што денес навлегува во сите дејности, почнувајки од вселенска технологија преку компјутери и мобилни телефони, па се до медицината и стоматологијата. При правилно избрана нијанса на бела боја, забот може да се направи идентичен како останатите природни заби. Нанокомпозитите се користат при кариес на забот, фрактури на коронките, замена на стари амалгамски пломби, корекција на бојата или формата на забот, затварање дијастеми и др. Кај нас ова се извршува безболно и само со една посета го постигнуваме посакуваниот резултат.

Стоматолошка ординација Денталика

Ординација 1: Ново лисиче
Ординација 2: Аеродром
Email
Работно време