JM Doctor - шаблон joomla Авто

Што се коронки и мостови?

Коронки и мостови се фиксно протетски конструкции за реставрирање на оштетените или извадените заби со цел да ги надомести, зацврсти и разубави. Кога се работи за еден заб се нарекува коронка, а ако е за повеке заби се нарекува мост. Мостот всушност претставува сет од неколку коронки споени помегу себе.

dentalica uslugi 1

Кои материјали се користат за изработка на коронки и мостови?

Во стоматолошка ординација Денталика изработуваме коронки и мостови со метална основа и тоа: метал-керамички и титаниум-керамички коронки и мостови. Исто така изработуваме и целосно безметални коронки и мостови. Безметалните коронки и мостови можеме да ги изработиме од Gradia, Press и Circonium Oxid. После бесплатниот преглед на којшто ке ја увидиме состојбата на вашите заби, ке ви препорачаме изработка на метал-керамички или безметален мост или коронка, зависно од тоа кој подобро ке одговара на вашите заби.

Која е предноста на безметалните коронки и мостови?

Предноста на безметалните коронки и мостови е во тоа што тие изгледаат многу поестетски и поприродно на дневна природна светлина и тоа е одличен избор посебно за предните заби. Безметалната керамика е тренд не само кај нас туку во целиот свет. Сите познати лица од светската модна, филмска, спортска и политичка елита имаа така наречена Холивудска насмевка (Hollywood smile) која во главно е направена од безметална керамика.

Кои безметални коронки или мостови се најмодерни и најексклузивни?

Во модерната стоматологија најмодерна и најексклузивна коронка или мост е изработена од Circonium Oxid (Zirconia). Во нашата стоматолошка ординација имаме одлично искуство во изработувањето коронки, мостови и фасети од цирконија. Тој е многу поцврст од природните заби и може да се користи и за предни и за бочни заби, а може да се изработува и на ендодонтски лекувани заби. Цирконијата се иаработува во забна техника со спецјална процедура таканаречена CAD-CAM технологија. Нашите стоматолози ке ви одредат боја на цирконијата која ке биде 100% идентична како вашите постоечки заби или за нијанса посветла од нив по ваше барање. Целата процедура трае 4-5 работни дена. Резултатите се извонредни и пациентите се задоволни во естетска и функционална смисла.

Кои други материјали за изработка се користат во нашата ординација?

Во стоматолошка ординација Денталика се користат сите наброени стоматолошки материјали, но не постои шаблон по кој работиме. Кон секој пациент имаме индивидуален пристап. Можете да закажете бесплатен преглед и консултација при што подетално ке ви објасниме за разликите во стоматолошките материјали и техники во стоматолошката протетика. Со задоволство ке најдеме заедничко решение согласно со вашите желби и можности.