JM Doctor - шаблон joomla Авто

Што е естетска стоматологија?

Дали сонувате да имате здрава, убава насмевка? Естетската стоматологија нуди напредни решенија за низа стоматолошки проблеми, овозможувајќи им на пациентите да ги имаат намевки на своите соништа. Според истражувањето, насмевката е меѓу првите работи што ги забележуваме на друго лице. Атрактивната и пријатна насмевка значи многу во секојдневната комуникација.

Користејќи уметнички вештини и технолошки достигнувања, ќе ви дадеме поубава, младешка насмевка и поголема самодоверба. Ова е, во основа, естетска стоматологија.Креирањето и одржувањето здрава и прекрасна насмевка е нашата крајна цел за сите наши пациенти.

 

Што се забни ламинати?

Ламинати се естетски протетски надоместоци со кои што за кратко време можете да добиете многу убава насмевка. Тоа се тенки керамички плочки кои се лепат на надворешната страна од забот. Поради самиот материјал тие не ја менуваат бојата под влијанието на храна или цигари.

Поставување на порцелански ламинати е еден од најпопуларните естетски стоматолошки зафати. Во изминатите 30 години со напредувањето на технологијата, ламинатите станаа едноставни и сигурни за користење, новите материјали се посилни и ја рефлектираат светлоста како природниот заб. За изработка на ламинати потребно е да се има здрави заби и непца. Постојат директна и индиректна метода за изработка на ламинати, а се разликуваат по материјалот и по постапката на изработка. При двете методи нема стругање на забот може да има минимално стругање за да се направи место за ламинатот.

 

Зошто избелување на забите?

Насмевката е една од првите работи кои ги забележувате кога ќе сретнете некого. А побела, посветла насмевка може да направи да се чувствувате подобро и лесно да бидете приметени, полесно да најдете работа или да бидете унапредени. Начинот на живот или стареењето може негативно да влијаат врз бојата на забите. Кафето, цигарите, чајот, кока-кола, црвено вино ги потемнуваат забите.

Избелувањето е постапка при која со примена на дентални средства за избелување добиваме посветла нијанса на забите. Избелувањето на забите е многу популарен третман со кој безболно ќе им ја вратиме природната белина на вашите заби. Во стоматолошка ординација Денталика резултатите при избелување на забите се видливи веднаш.