JM Doctor - шаблон joomla Авто

Редовен стоматолошки преглед (на секои 6 месеци) е најмалку што можете да направите за здравјето на забите на вашето дете. Уште од најмала возраст е важно да се научат децата да водат грижа за своите заби, а тоа може да се постигне со избор на добар стоматолог кој истовремено знае да биде и добар педагог.

Многу деца имаат страв од стоматолог, но за нашиот тим тоа претставува најмал проблем бидејки се трудиме со вашето дете да воспоставиме однос базиран на доверба и пријателство. Посебно внимание посветуваме на комуникацијата со децата и нивно запознавање со нашата ординација.

Најголем успех и задоволство ни претставува кога децата заминуваат задоволни и со насмевка, поздравувајки се со персоналот и поставувајки прашање на родителите кога ке биде нивната следна посета.