JM Doctor - шаблон joomla Авто

Услуги

Ендодонција е лекување на забите при што помагаме да ги решите вашите проблеми поврзани со пулпата (нервот) на забот т.е ја отстрануваме болката и го подобруваме вашето орално здравје.

Пародонтозата е една од најчестите болести на денешницата. Тоа е прогресивно пропаѓање на сите структури кои ги држат забите во коската, при што доаѓа до поместување на забите и на крај до нивно губење. На овој проблем денес се посветува се поголемо внимание. 

Коронки и мостови се фиксно протетски конструкции за реставрирање на оштетените или извадените заби со цел да ги надомести, зацврсти и разубави. Кога се работи за еден заб се нарекува коронка, а ако е за повеке заби се нарекува мост. Мостот всушност претставува сет од неколку коронки споени помегу себе.

Редовен стоматолошки преглед (на секои 6 месеци) е најмалку што можете да направите за здравјето на забите на вашето дете. Уште од најмала возраст е важно да се научат децата да водат грижа за своите заби, а тоа може да се постигне со избор на добар стоматолог кој истовремено знае да биде и добар педагог.

Ламинати се естетски протетски надоместоци со кои што за кратко време можете да добиете многу убава насмевка. Тоа се тенки керамички плочки кои се лепат на надворешната страна од забот. Поради самиот материјал тие не ја менуваат бојата под влијанието на храна или цигари.

Повеќе информации за орална хирургија и импланти наскоро