JM Doctor - шаблон joomla Авто

Стоматолошката ординација “ Денталика Про” основана е во 2006 год. во Долно Лисиче, Скопје. Ординацијата беше мала, но современо и пријатно опремена.

Поради тенденција да прерасне во фамилијарна пракса после 8 год. се преселивме на нова локација, во нов простор, опремена по европски стандарди за стоматолошка ординација.  Денес ПЗУ “Денталика Про” е прерасната во поликлиника и се состои од стоматолошка ординација и една амбуланта по општа медицина. Целокупната работа во ординацијата се базира на принципите на здрава, холистичка стоматологија т.е. сите материјали (полнења, лекови, протетика итн.) да бидат биокомпатибилни, што значи здрави за организмот. Нашиот тим ќе ви овозможи љубезност, надминување на страв од стоматолог и најсовремени стоматолошки услуги. Ординацијата има склучено договор со ФЗОМ.

Основач и сопственик на поликлиниката Денталика Прое Др. Дејан Стојковски, доктор на стоматологија. Првиот контакт со стоматологија, Др. Дејан Стојковски, го имаше на стоматолошкиот факултет во Скопје, пред повеќе од 15 год. и работејќи во стоматолошки ординации во Скопје, веднаш после дипломирањето. Во тоа време има поминато голем број едукации и усовршувања во земјата и во странство од сите области на стоматологијата. Најголема љубов и предизвик му се естетски и функционално комплицираните протетски изработки.

Др. Емилија Бошковска дипломираше на стоматолошкиот факултет во 2010 год.. Во текот на студиите и волонтирањето го стекнува своето прво работно искуство. Посветеноста во областа на стоматологијата и дава успех во истата, особено во областа на пародонтологија и детска стоматологија. Амбициозна и педантна во работата, на секој пациент му приога со посебно внимание и со позитивен став.

Стоматолошката ординација Денталика ќе ви даде врвен квалитет во удобен амбиент. Безболност е првиот предуслов за сите стоматолошки услуги. Работиме и викенди само со закажување на моб.: 070/930-085. Имаме склучено договор со ФЗОМ.

Нашата адреса е: Ул. Видое Смилевски Бато бр. 10 А, Ново Лисиче (веднаш до Сенатор Казино), Скопје

Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Facebook: Stomatoloska Ordinacija "Dentallica"
Docctor Potfat Dentallica

 

Закажете преглед+389 70/930-085
Испрати ни поракаinfo@dentallica.mk
ЛокацијаНово Лисиче, Скопје